ЗА НАШАТА КОМПАНИЈА

Следејќи ги современите техники на управувањето со изградба и надзор на градежните работи, во 1992 година основана е компанијата ЕВРО КОНСАЛТИНГ, која ќе се потпира на македонски експерти, но ќе работи со меѓународни стандарди.

ЕВРО КОНСАЛТИНГ како компанија официјално е регистрирана во Април 2002 година во Скопје, Македонија како Друштво за инженеринг, проектирање и консалтинг со ограничена одговорност и официјален регистерски број 02044198-3-09-000. Сопственици на компанијата ЕВРО КОНСАЛТИНГ се М-р Марјан Иванов дипл.град.инж. и Бранислав Димитријевиќ дипл.град.инж.

Нашата компанија достигна стабилност и просперитет повеќе од 20 години следејќи ги енергично своите принципи и цели. За тој период развивме различни инженерски вештини и искуства во областа на архитектура, инженеринг и градежништво, нудејќи им на клиентите комплетни инженерски решенија. Ние сме целосно посветени во обезбедување на успешна реализација на проектите. Нашите инженери поседуваат високо квалитетно искуство со различна техничка позадина и темелен пристап, давајќи им на проектните решенија подлабоко значење.

Во нашите оддели работат повеќе од 45 инженери и техничари со разновидна техничка наобразба, експертиза, кои го сочинуваат мозокот на нашата компанија. Знаењата кои се акумулирани на тој начин го обезбедуваат успехот на проектите. Перцепцијата на инженерските проблеми од различни технички агли може да обезбеди широко и комплетно решение. Работејќи за клиенти од целиот свет, ние го задржуваме високото ниво на квалитет и професионализам во сите аспекти на нашата работа.

Нашите клиенти се Министерства, Јавни институции, Општини, Владини Агенции, Меѓународни и Домашни Компании, Приватни Инвеститори, Здравствени Институции, Банки итн. Тие инвестираат значителни финансиски средства во Македонија и регионот на Западен Балкан и нивното внимание е насочено кон заштита на инвестициите со обезбедување на максимален успех и минимизирање на ризиците.

Работејќи во областа на архитектура, инженерство и градежната индустрија во Македонија и регионот, нашето портфолио импресивно порасна.

Структурата и искуството на компанијата цврсто го потврдува спроведувањето на меѓународната пракса и искуство.

Компанијата ги реализира следните активности во доменот на градежништвото:

  • Надзор при изградба на објекти од областа на високоградба
  • Надзор при изградба на хидро технички структури
  • Надзор при изградба на патишта, патарини, железници и аеродроми
  • Надзор при изградба на згради и  фабрики
  • Надзор при изградба на мостови
  • Контрола на квалитет
  • Геодезија
  • Проектен менаџмент

Поддршката што им ја даваме на нашите клиенти во примената на Законите и Стандардите осигурува дека инвестицијата е целосно заштитена и дека ќе биде успешно завршена со квалитетно и навремено завршување на изградбата.

Со ангажирање на  ЕВРО КОНСАЛТИНГ,  корисниците добиваат фирма со интегритет која не прави компромиси во однос на сигурноста и квалитетот на изградба.
Нашата ефикасност во работата значи постојан притисок на другите учесници во изградбата на подобро и поекономично нивно работење. За нашите клиенти нудиме независни и непристрасни услуги кои овозможуваат идентификација на можните ризици во текот на изградбата, управувањето со овие ризици и со тоа и нивно намалување. Ние инсистираме да сите учесници во изградбата покажат одговорност да се заштити животната средина и намалување на влијанието на изградбата на животната средина.

ЕВРО КОНСАЛТИНГ ги поседува следните сертификати и лиценци:

  • Лиценца А за вршење надзор над градби од прва категорија, бр. Н.004/А, издадена од страна на Мнистерство за Транспорт и Врски на РМ
  • Лиценца А за проектирање на градби од прва и втора категорија, бр. П.012/А , издадена од страна на Мнистерство за Транспорт и Врски на РМ
  • Лиценца А за ревизија на проектна документација, бр. Р.045/А, издадена од страна на Мнистерство за Транспорт и Врски на РМ
  • Сертификат за енергетска ефикасност со бр.12-6086/3 издадена од страна на Мнистерство за Финансии
  • ISO 9001: 2015 систем за квалитет, кој ја опфаќа целата структура на компанијата и политиката за квалитет,
  • ISO 14001: 2015 Систем за заштита на животната средина,
  • OHSAS 18001: 2007 за заштита и безбедност при работа и
  • ISO 17025 Акредитирана Лабораторија за испитување на градежни материјали
  • MKS EN ISO/IEC 17065:2012 Сертификат за сертифицирање на градежни производи

Нашето знаење и искуство се вашата сигурност! 

Нашата главна карактеристика е: 

Ние сме со седиште во Македонија, нашите експерти се македонски, но нашите услуги ги исполнуваат меѓународните стандарди.