Сертификација

Пријава за сертификација – превземи тука

Правилник за сертификација и надзор – превземи тука

Издаден сертификат – Сити Бетон

Издаден сертификат – Интер Бетон

Издаден сертификат – Филип Инженеринг

Издаден сертификат – Беровиќ Бетон

Издаден сертификат – Гетоар

Политиката за квалитет на Евро Консалтинг Сертификација се реализира преку обезбедување на компетентни, непристрасни и независни услуги на оценка на усогласеноста на производите кои се опсег на акредитација низ целосна примена на закони, технички прописи и стандарди.

Евро Консалтинг Сертификација се стреми кон целосна реализација на целите за квалитет со исполнување на следните основни начела:

  • Одржување и подобрување на системот за квалитет преку исполнување на стандардите МКС EN ISO 17065:2012
  • континуирано подобрување на услугите кои ги нуди кон клиентите, преку проширување на опсег на акредитација согласно барањата;
  • потврдување на кредибилитетот на услугите кои ги нуди преку стекнување на акредитација;
  • реализација на професионални услуги, преку вреднување на објективни докази со цел обезбедување на комплетно задоволство на корисниците на услугите;
  • ефикасно спроведување на постапките за решавање на жалби и приговори и нивно минимизирање;
  • стремеж кон непристрасност, објективност, доверливост и заштита на податоците на клиентите при сертификација на производи и оценка на усогласеноста од страна на сите вклучени лица во сертификацискиот процес;
  • постојано унапредување на персоналот преку континуирани обуки, пренос на знаења и вложување во организациски знаења