Лабораторија

ЕВРОКОНСАЛТИНГ лабораторијата има дејност да врши контрола на квалитетот на градежните материјали. Лабараторијата е акредитирана за испитување на геомеханика, асфалт и бетон и поседува сертификат за Акредитација бр. ЛТ 018 потврден според стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006. Лабараторијата е опремена со современа опрема обезбедена од производителот Controls - Italy и ги врши своите испитувања согласно МКС и EN стандардите.  Поседуваме централна опрема како и теренска опрема за екстракција на мостри за тестирање на услови на теренот. Нудејќи геомеханичко, асфалтно и бетонско тестирање лабораторијата ја зголемува ефикасноста на контролата врз квалитетот на вградените материјали при изведувањето на сите структури. Поседуваме решение за испитување на градежни материјали за мерење, проверка, тестирање, пресметување и вршење на други оценки на својствата на градежните производи на опсегот на акредитација за: почва, агрегати, ѕидарски единици, битуменски мешавини, битумен, бетон, цемент, малтер, бетонски префабикувани елементи, челик за армиран бетон.

    АСФАЛТНИ
    ИСПИТУВАЊА

    БЕТОНСКИ
    ИСПИТУВАЊА

    ИСПИТУВАЊА НА
    ЧЕЛИК

    ГЕОТЕХНИЧКИ ИСПИТУВАЊА