ГЕОТЕХНИЧКИ ИСПИТУВАЊА

Геотехничката лабораторија со својата опрема обезбедува изведба на контрола на квалитетот на материјалите од земјата со цел да се одредат физичките и механичките карактеристики. Нашата лабораторија ги спроведува следните контроли:

  • Земање на примероци, МКС U.B1.010
  • Одредување на влажност на земјените материјали, МКС U.B1.012
  • Определување на волуменска тежина на материјалот, MKS U.B1.014
  • Определување на гранулометриски состав, MKS U.B1.018
  • Определување облик на зрна, МКС B.B8.048
  • Определување на слаби зрна, МКС B.B8.037
  • Определување на Атербергови граници (Метод на Casagrande) МКС У.В1.020
  • Одредување на збиеност и содржина на вода (збивање според Прокторов опит), МКС U.B1.038, EN 13286-2
  • Определување на Калифорнискиот индекс на носивост (CBR), MKS U.B1.042, EN 13286-47

Геотехничката лабораторија обезбедува контрола на квалитетот на вградените материјали од земјата, како и контрола на постојната состојба на теренот преку следните испитувања:

  • Определување на влажност на материјалот, МКС U.B1.012
  • Определување на модул на стисливост по метод со кружна плоча, MKS U.B1.046
  • Определување на волуменска тежина-метода со калибриран песок, MKS U.B1.016
  • Определување на волуменска тежина со цилиндар со познат волумен, МКС U.B1.016
  • Определување на калифорниски индекс на носивост, МКС U.B1.042

Врз основа на извршените лабораториски испитувања и постигнати резултати за физички механички карактеристики на материјалите и споредување со потребните критериуми, се врши проценка на достапноста за бараните слоеви (подпочвени, пополнување, тампон).