За нашата Компанија

Следејќи ги современите техники на управувањето со изградба и надзор на градежните работи, во 2002 година основана е компанијата ЕВРО КОНСАЛТИНГ, која се потпира на македонски експерти, но работи по меѓународни стандарди.

Нашата компанија достигна стабилност и просперитет повеќе од 20 години следејќи ги енергично своите принципи и цели. За тој период развивме различни инженерски вештини и искуства во областа на архитектура, инженеринг и градежништво, нудејќи им на клиентите комплетни инженерски решенија. Ние сме целосно посветени во обезбедување на успешна реализација на проектите. Нашите инженери поседуваат високо квалитетно искуство со различна техничка позадина и темелен пристап, давајќи им на проектните решенија подлабоко значење.

Во нашите оддели работат повеќе од 45 инженери и техничари со разновидна техничка наобразба, експертиза, кои го сочинуваат мозокот на нашата компанија. Знаењата кои се акумулирани на тој начин го обезбедуваат успехот на проектите. Перцепцијата на инженерските проблеми од различни технички агли може да обезбеди широко и комплетно решение. Работејќи за клиенти од целиот свет, ние го задржуваме високото ниво на квалитет и професионализам во сите аспекти на нашата работа.

КОМПАНИЈАТА ГИ РЕАЛИЗИРА СЛЕДНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ДОМЕНОТ НА ГРАДЕЖНИШТВОТО:

  • Надзор при изградба на објекти од областа на високоградба
  • Надзор при изградба на објекти од областа на нисокоградба
  • Надзор при изградба на хидро технички структури
  • Надзор при изградба на патишта, патарини, железници и аеродроми
  • Надзор при изградба на згради и  фабрики
  • Надзор при изградба на мостови
  • Контрола на квалитет
  • Геодезија
  • Проектен менаџмент

Со ангажирање на  ЕВРО КОНСАЛТИНГ,  корисниците добиваат фирма со интегритет која не прави компромиси во однос на сигурноста и квалитетот на изградба.

Нашето знаење и искуство се Вашата сигурност! 

Лиценци и Сертификати

  • Лиценца А за вршење надзор над градби од прва категорија, бр. Н.004/А, издадена од страна на Мнистерство за Транспорт и Врски на РМ
  • Лиценца А за проектирање на градби од прва и втора категорија, бр. П.012/А , издадена од страна на Мнистерство за Транспорт и Врски на РМ
  • Лиценца А за ревизија на проектна документација, бр. Р.045/А, издадена од страна на Мнистерство за Транспорт и Врски на РМ
  • Сертификат за енергетска ефикасност со бр.12-6086/3 издадена од страна на Мнистерство за Финансии
  • ISO 9001: 2015 систем за квалитет, кој ја опфаќа целата структура на компанијата и политиката за квалитет,
  • ISO 14001: 2015 Систем за заштита на животната средина,
  • OHSAS 18001: 2007 за заштита и безбедност при работа
  • ISO 17025 Акредитирана Лабораторија за испитување на градежни материјали
  • ISO 17065:2012 Сертификат за Сертификационо тело на ЕВРО КОНСАЛТИНГ