Sertifikacija

Сертификација

ЕВРОКОНСАЛТИНГ Сертификација со решение на Министерстово за Економија бр. 18-4217/2 од 15.08.2018 е акредитирана за вршење оцена и потврда на постојаност на својствата на градежните производи, почетна контрола на производниот погон и системот на фабричка контрола (FPC), континуиран надзор, оцена и евалуација на системот на фабричка контрола (FPC), (2+) за потребите на сертификацијата, за градежните производи : ѕидарски малтери, битуменски мешавини, агрегати, ѕидарски единици, бетон и адитиви за бетон.

Во текот на изминатиот период Евро Консалтинг Сертификација има спроведено Почетен преглед на контрола на фабричко производство на Производители (Клиенти), за кои се издадени и Сертификати за сообразност како и континуиран надзор на контрола на фабричко производство за производите:

  • Агрегати за бетон согласно стандард – МКС ЕN 12620+A1:2009
  • Агрегати за битуменски мешавини и површински третман за патишта, аеродроми и други сообраќајни површини согласно стандард – МКС ЕN 13043:2006; МКС ЕN 13043:2006/AC:2006
  • Агрегати за неврзани и хидраулички врзани материјали, кои се користат во градежништвото и во изградба на патишта согласно стандард – МКС ЕN 13242+А1:2009
  • Бетон – согласно стандардите: – МКС ЕN 206:2014+A1:2017
    – МКС 1016:2018+A1:2020
  • Битуменски мешавини согласно стандардот : – МКС ЕN 13108-1:2017

Досега издадените Сертификати може да посведочат за успешноста на нашата посветеност во работењето а истите може да ги погледнете во регистарот на издадени Сертификати.