ЛАБОРАТОРИЈА

Одделот лабораторија има основна дејност да врши испитување и контрола на квалитетот на градежните материјали, акредитирана од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија согласно барањата на стандардот MKC EN ISO/IEC 17025:2018. Комплетно опремена со современа, калибрирана опрема обезбедена од производителот Controls – Italy нашата лабораторија поседува централна и теренска опрема за екстракција на мостри за тестирање на услови на теренот. Нудејќи геомеханичко, асфалтно и бетонско тестирање, лабораторијата ја зголемува ефикасноста на контролата врз квалитетот на вградените материјали при изведувањето на сите структури. Поседуваме решение за испитување на градежни материјали за мерење, проверка, тестирање, пресметување и вршење на други оценки на својствата на градежните производи на опсегот на акредитација за: почва, агрегати, ѕидарски единици, битуменски мешавини, битумен, бетон, цемент, малтер, бетонски префабикувани елементи, челик за армиран бетон.

ИСПИТУВАЊА КОИ СЕ ВРШАТ ВО НАШАТА ЛАБОРАТОРИЈА

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАШИТЕ ОСТАНАТИ УСЛУГИ