Ние ви обезбедуваме професионален надзор на изградба на најразлични инженерски објекти, специјално прилагоден да го заштити успешното завршување на вашиот проект. Нашиот високо искусен инженерски тим може ефективно да го контролира и надгледува секој аспект од вашите градежни работи од областа на високоградба (здравствени институции, училишта, трговски и станбени објекти, индустриски објекти, мостови) и нискоградба (патишта, пруги, тунели, хидротехнички објекти и системи) почитувајки ги релевантните градежни прописи и стандарди за квалитет, a намалувајки ги техничките ризици и градежни грешки преку континуиран надзор. Нашата компанија поседува Лиценца А за вршење надзор на изградба на градби од прва категорија бр. Н.004/А, издадена од страна на Министерство за Транспорт и Врски на Р.С.М. и Лиценца Б за вршење надзор на изградба на градби од втора категорија бр. Н.340/Б издадена од страна на Министерство за Транспорт и Врски на Р.С.М.
Одделот за нискоградба кој е задолжен за надзор над патишта, железнички пруги, тунели, хидротехнички објекти и системи и геотехника е состои од над 30 експерти кои својата експертиза ја имплементираат вршејки контрола на квалитет, заштита на животната средина, ППЗ, и БЗР. Нашите надзори се одговорни за обезбедување континуиран надзор на градилиштето, осигурувајќи се дека работата напредува според планираното и дека се почитуваат безбедносните стандарди, односно проверка дали работата што се прави е усогласена со архитектонските и инженерските планови на проектот како и контрола на квалитетот на сите материјали и производи коишто се користат за изведба на работите, како и контрола на квалитетот на самата изведба.
Секторот за високоградба кој брои повеќе од 35 експерти од различни профили, врши стручно технички, квалитативен и квантитативен надзор на објекти од прва и втора категорија, контрола на квалитет на вградени материјали, контрола на изведба на градежните работи за времетрање на проектот, имплементација на мерките за заштита на животната средина, како и безбедност и заштита при пработа, притоа почитувајки ги одредбите на Законот за градење на Р.С.Македонија.