Сертификација

Сертификација на градежнни производи

Компанијата ЕВРО КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје, покрај другите дејности на почеток  на 2017 година, пристапи кон иницијатива за формирање на Сертификационо тело за сертификација на градежни производи согласно Стандард МКС ЕN ISO/IEK 17065:2012.

После неколку завршени обуки, припрема на документација околу процесот за сертификација и по направената  проверка од страна на Институтот за Акредитација на Република Северна Македонија доделен е Сертификат за Акредитација Бр.СТ – 014, од Јули 2018 година со кој се потврдува дека се исполнети барањата на стандардот.

Со решение од Министерство за Економија бр.18-4217/2 од 15.08.2018, Евро Консалтинг Сертификација е акредитирана за сертификација на градежни производи од следните области:

  • бетон
  • битуменски мешавини
  • агрегати
  • адитиви за бетон
  • ѕидарски малтер
  • ѕидарски единици

Одделот за Сертификација е секогаш посветен на задоволување на барањата на стандардите за кои е акредитиран.

Во текот на изминатиот период Евро Консалтинг Сертификација има спроведено редовни проверки како и континуиран надзор на Нарачатели (Клиенти) за кои се издадени Сертификати за:

  • Агрегати за бетон согласно стандард МКС ЕN 12620:2010
  • Агрегати за битуменски мешавини согласно стандард МКС ЕN 13043:2007
  • Агрегати за неврзани и хидраулички врзани материјали по МКС ЕN 13242:2010
  • Бетон – спецификации,својства,производство и сообразност- правила за употреба на МКС ЕN 206:2014+A1:2017.

Досега издадените Сертификати може да посведочат за успешноста на нашата посветеност во  работењето.

Истите може да се погледнат во регистарот на издадени Сертификати.